Јовановиќ: Штетниците, кои до вчера ништо не направија за здравството, се први да ги омаловажат мерките, трудот и жртвата што здравствените работници ги даваат на нашите граѓани

Тврдењата на Мицкоски дека “во Македонија има нови жаришта” и тврдењата дека “Владата не се справила добро со кризата” се ординарни лаги, посочи Ненад Јовановиќ.

„Прво, нема нови жаришта, туку се работи за “опашка на вирусот”, така ја нарекува состојбата на коронавирусот Ана Глигиќ, една од најрелевентните докторки, жена која во седумдесетите години од минатиот век ја запре инфекцијата наречена вариола вера. Глигиќ вели дека се работи за “џепови на вирусот” што изминува.

Втората ординарна лага е дека “владата не се справила добро со кризата”. Ова што го работи Мицкоски на неговите портали е нечесна работа, да не употребам потежок збор. И ќе остане забележано во историјата на оваа земја како најнечесно опозиционо делување кое некогаш се случило во оваа земја откако е создаден плуралниот повеќепартизам.

Ние имаме луѓе кои цело време се борат против вирусот, а од друга страна имате луѓе кои навиваат за вирусот. Па тоа е ненормално! Струката, здравството го декласираат само за да собираат одвратни политички поени.

Оваа криза со вирусот е жив пример за односот на државата кон здравството. И го гледаме и променетиот однос кон здравството. Таквата пракса говори многу за ставот на државата кон здравството и здравствените работници. Да не зборувам воопшто за покачувањата на платите на сите здравствени работници кои во времето на груевизмот беа оставени на очајни примања. Денес, платите на докторите – пред кризата! – изнесуваат околу 100 илјади денари.

Имено, имате сега претставници на владата – опозицијата денес е дел од владата – кои со газот не мрднаа да се справат или помогнат со своите пари, донации, ресурси, и да поправат било што во време на масовна пандемија. Од друга страна се поставува прашањето: што купи претходната власт во здравството? Не купија еден чаршав, не купија еден лек болнички, не купија еден антибиотик, ако се сеќавате, долго време немаше инсулин, а тоа го знам затоа што многу луѓе во времето на груевизмот го бараа од странство или го купуваа од приватните клиники. Ништо не поправија во здравството. Буквално ништо. Добро, купија некои апарати со кои само се сликаа. И тоа е практично се’.

Денеска тие штетници, кои до вчера ништо не направија за здравството, се први да ги омаловажат мерките, трудот и жртвата што здравствените работници ги даваат на нашите граѓани. Сечиј труд го девалвираат, и напорот на лекарите, и напорот на државата.

Круната на таа штета е повик кон граѓаните да не’ ги почитуваат мерките кои ги пропишуваат стручните луѓе кои треба да ги заштитат граѓаните од смртоносната опасност.

Ако некој мисли дека оваа бизарност (на енти-степен) ќе го добие Заев на изборите кога и’ да се случат, ако некој мисли дека вака треба да звучи алтернативата на Заев, гадно се лаже.

После избори, верувам, за ваквите луѓе кои шират скандалозни пораки до граѓаните, мора да следат санкции. А некои опозициони политички кариери едноставно мора да завршат“, истакна Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e