Јовановиќ: Седи Мицкоски во својот удобен стан и супер луксузна палата и твита, со чувство на некаква божествена моќ

Измешани се лончињата на опозицијата, не сфаќаат кога е време за политичка борба, а кога е време да се закопаат воинствените секири, и сите да размислуваме за некоја повисока цел, а тоа е враќање на Собранието во функција, брзи избори и активирање на сите институции во интерес на здравјето и животите на граѓаните. Не само во здравствена, туку и во економска смисла.

Тоа што Мицкоски ништо не разбира, и тоа што социјалните медиуми ни даваат лажен впечаток дека кризата излегла од контрола, и дека кризата излегла од сигурност и моќ, притоа, си седи Мицкоски во својот удобен стан и супер луксузна палата, нели, па го уклучува својот компјутер и твита, со чувство на некаква божествена моќ – ако само каже на медиум што му падне на ум – небирајќи зборови да се поплука, не постои ниту закана која не се спремни да му ја упатат на Заев. Не!

Таквите опозициони гадости се валкаат од утро до мрак, пропратено од армија на пелцувани ботови кои мислат дека не знам каква корисна работа извршуваат за таа клика што ни се претставува за алтернатива на Заев.

И кога на се’ тоа ќе ја видите таа количина на лаги, измислици, лудила, извадени изјави од контекст, спинови, подметнувања… Јас мислам дека е добро што толкав број на луѓе се живи и здрави. Па лудилото да биде уште покомплетно, почнаа да дерат и’ по здравствените работници, што значи почнаа да удираат и по комисијата за заразни болести која е сочинета од брилијантни професионалци во својата област.

Здравствените работници, пак, ги коментираат купишта од незнајковци, некаков број од напалени љубители на некои политички опции, некаков број од апсолутни игноранти и полуидиоти кои од ден за ден повторуваат исти прашања – оти не можат да смислат други – па се нешто нив им смета, па подигнуваат тон, врескаат, се закануваат, па изигруваат некакви полицајци…

Луѓе, ајде на избори! Мене, нам, вакви глупости не ни се потребни. Оваа и ваква јавна сцена мора да заврши. Оваа и ваква опозициона јавност е едноставно ненормална. Решението е избори на 5 јули. И молим лепо!

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e