Јовановиќ: Горд сум на владата и здравствените работници, а Мицкоски и неговата партија со своето делување се однесуваа нечесно, аферашки и малициозно

На владата, здравствените работници и Филипче треба од срце да им се честита!

Дојде време и ние да излеземе од полицискиот час, репресивните мерки утре завршуваат со препорака да се чуваме, да носиме заштитни маски и’ да се придржуваме до социјалната дистанца.

Знаете, навистина сум горд на владата и здравствените работници, ова го зборувам како лаик и цивилно лице, за нивната лавовска пожртвуваност, за нивната храброст и истрајност. И ова го мислам со цело мое срце! Видовме дека можеме да се потпреме на нашите експерти, на нашите доктори, на нашите епидемиолози, на нашите лекари, на нашите медицински сестри… Исто така многу важно е следново: институциите мора да се чуваат, да се негуваат и усовршуваат. Со институциите и луѓето кои работат тамо не смееме никогаш да си поигруваме. Бидејќи видовме колку државите без силни институции се кревки. Видовме и тоа дека свеста за „народното здравје“ (читај, јавното здравство!) не е комунистичка измислица, туку многу важен сегмент во така силни општествени бури и премрежја како оваа со коронавирусот.

Понатаму, видовме дека ако ги слушаме здравствените работници, ако ги слушаме луѓето од струката, дека ќе се извлечеме, дека ќе ја добиеме секоја препрека ако само за момент имаме доверба во институциите. Ако владата ни покаже дека може да се грижи подеднакво за сите граѓани, а тоа го покаже на терен, во жариштето на проблемот, граѓаните секогаш ќе им веруваат. „Покажи дека сакаш да се грижиш, ќе покажеме и ние дека знаеме да цениме“, тоа ми се чини е главната порака меѓу граѓаните и државата.

Понатаму, оваа влада докажа – во време на криза – дека во вистинска смисла е мултиетничка држава. Не предизвикуваше тензии со Бугарите во екот на пандемијата, не се провоцираше со комшиите, не гаеше сентименти на национализам, напротив, во време на криза своите соседи ги уважуваше, покажа дека можеме да живееме со сите, покажа дека не гаиме никакви расистички омрази ниту кон надвор, ниту кон внатре во земјата. Од таа перспектива, од мене, како лаик и цивилно лице, добиваат само пофални зборови. (Така треба да се однесува добра влада во време на големи и масовни кризи.)

Понатаму, во оваа криза Мицкоски и неговата партија, со своето делување, покажаа дека народот не ги сака, барем во оваа денешна формација. И со право! Се однесуваа нечесно, аферашки, малициозно. Мицкоски не ги почитуваше здравствените мерки, се однесуваше над ситуација, покажа еден гнасен цинизам, беше пример за како не треба да се однесува човек кој себеси се смета за иден мандатар. Или во фудбалски жаргон кажано: првиот потенцијален мандатар секогаш треба да служи за пример, а не да оди во теретана и’ да „не му чуе петлето“ ниту за короната, ниту за граѓаните. Такви шарлатани нашите граѓани не сакаат. И на изборите ќе ги казнат. Тука да си нема никој сомнеж.

Покажа Мицкоски и друго: не умее да се занимава со политика, не умее да дојде до релевантни теми и информации; единствено што докажа е дека умее само со себе да се занимава, со својата персона, притоа, кризата со короната не беше лична, туку беше општа, сеграѓанска, сите бевме загрозени, нападнати, оштетени во секоја смисла. За денес пак, да го слушаме како се предомислува, типично за секое размазано инфантилно детиште: сакам избори, не сакам избори, сакам НАТО, не сакам НАТО, сакам ЕУ, не сакам Еу, и слично. Такво нешто во политика нема. Такви шајшутки во политика се непростиви.

На крајот, уште еднаш, од цело мое срце, им благодарам на владата, здравствените работници и на Филипче што се држеа лавовски, и што несебично ни помагаат на сите нас, што директно, а што индиректно.

Ви благодарам, луѓе големи!

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e