Иванов: За Уставот – и неговиот Пленковиќ му го плесна!

Новинарот и аналитичар Зоран Иванов во објава на Фејсбук пишува – „За Уставот – и неговиот Пленковиќ му го плесна!“, алудирајќи на изјавите од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ при неодамнешната посета на Скопје.

Пленковиќ е и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

Хрватскиот Премиер повика да се забрза динамиката на евроинтеграциите и нагласи дека Северна Македонија треба да го искористи моментот.

„Тој момент е сега и треба да се искористи. Сега Северна Македонија може да го забрза процесот. Време е за повлекување на вистинските потези и стратешки одлуки“ – рече Пленковиќ на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Пленковиќ истакна дека уставните измени треба да ги направат релевантните институции во државата, но дека е добро тие да добијат поддршка од сите партии, со натпартиски консензус.

-Она што мислам дека би било добро е да се постигне консензус зад кој може да застанат сите. Зад кој може, пред сѐ, да застане народот и нивните политички претставници и кои, според моето длабоко уверување, а јас го следам вашиот процес скоро 30 години, ќе ги намалат фрустрациите и ќе ги елиминираат неправдите кои се случуваат кон Северна Македонија во изминатите години“, рече Пленковиќ.

Ј. Ѓ.

Извор: Фронтлајн.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e