Исцелителот ќе ја исправи Македонија

Војната за власт во предизборна, жестока пандемиска кампања и паника, се води на фронтовите меѓу здравиот разум и стравот, меѓу силата и правото, меѓу вистината и лагата.

Најточна прогноза е дека по парламентарните избори на 15 јули ќе осамне 16 јули. А, во кој правец ќе оди Македонија од тој ден зависи дали мнозинството граѓани ќе го дадат свој глас за патот кон прогресот и европеизација на земјата, на веќе направените чекори кон најзначајната цел на државата, или повеќе ќе веруваат на предложените радикални ветувања за обнова на Македонија, или за нејзина кантонизација по урнекот на Босна и Херцеговина.

Војната за власт во предизборна, жестока пандемиска кампања и паника, се води на фронтовите меѓу здравиот разум и стравот, меѓу силата и правото, меѓу вистината и лагата. Старата, многупати проверена вистина и мудрост вели дека секој народ добива влада и власт каква што заслужува. Од она што денес се случува на јавната сцена во Македонија, ако се погледне поновата историја, не постара од еден век, од зафатите на крајната десница и левица, ќе се открие вчудовидувачка сличност од која замрзнува крвта во жилите.

Насер Зибери веќе се гледа како премиер

Албанските социјалдемократи на Али Ахмети ја промовираа програмата на својот кандидат за премиер Албанец пред владата. Насер Зибери сериозно ја разбрал понудата да биде премиер на Македонија, па понуди своја национал-социјалистичка програма која ќе ја спроведува по инагурацијата за претседател на владата. Нешто како утопистичка мешавина меѓу граѓанско и мултинационално и мултикултурно општетсво. Не разбрав добро дали Зибери се заканува со кантонизација и крвопролевање како во Босна ако не стане премиер, или ако биде избран, па не му се спроведува програмата стокмена од ДУИ. Опасен експеримент кој поттикнува и македонско-македонска коалиција на демохристијанска десница и социјалдемократска левица, или во поблага варијанта иста хомогенизација во ВМРО ДПМНЕ како најдобар заштитник од албанска загроза на македонските национални интереси.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e