Со гордост ќе се откажеме од членството во ЕУ

Гордана Силјановска- Давкова и партијата што ја кандидира за шеф на државата ќе ѝ ја вратела  „изгубената“ гордост на Македонија во меѓународните односи и изгубената гордост на граѓаните дома, кои биле понижени од досегашната власт, затоа што сета власт во земјава ѝ ја препуштиле на партијата ДУИ и а на меѓународен план се однесувала поданички и без достоинство.

Тие со својата умност, тактики и стратегија, ќе го оневозможеле „домашниот непријател“ ДУИ да владее како до сега, а на „надворешниот непријател“, како што е Бугарија, ќе му покажеле заби, по што ЕУ ќе сфатела дека не може туку така да си игра со нас и ќе ѝ наредела на својата членка Бугарија веќе да не прави каков било проблем во врска со нашето членство во ЕУ.

Според нив, Бугарија имала сила да нѐ уценува не затоа што со тоа уценување нешто добива, туку затоа што таа извршувала задачи на други членки на ЕУ кои не сакале Македонија да почне преговори со ЕУ без претходно да се справи со криминалот и корупцијата во земјава.

И затоа, кога новата власт на ВМРО ДПМНЕ за само 6 до 9 месеци ќе се справи со криминалот и корупцијата во земјава, важните членки на ЕУ ќе ѝ наложеле на Бугарија да се откаже од своите барања кон Македонија. Македонија во меѓувреме ќе се откаже од Договорот за добрососедство со Бугарија бидејќи не бил „симетричен“ и праведен за нас; европската рамка за преговори ќе била сменета, а Европската комисија ќе ѝ наложела Софија да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и Бугарија ќе го признае македонското национално малцинство во таа земја.

Целата колумна на Ѓорѓи Спасов за Независен на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e