Мрачните сцени од времето на МВРО-ВМРО се враќаат. Силниците по наредба на вмровските началници го враќаат МВРО на сцена преку тепање на новинари. Сега е Фуркан, утре ќе сум јас, ти…
Не можеа да почекаат ни изборите да почнат. До толку се неспособни да си ги скријат гадните сурати. Какви пораки со ваквите брутални претепувања и апсења испраќаат до сите кои се обидуваат да ја раскринкаат вмровската партиско-медиумска машинерија, веќе ми е мака да пишувам од што е толку очигледно.
Потребни ли се избори?! Што треба повеќе да направат за да ни е јасно со кого си имаме работа?!, ми беа првите мисли откако ја изгледав снимката од апсењето на Фуркан од страна на специјалците.
Реагираа и ќе реагираат сите прогресивни сили во државата.
ЦИВИЛ најостро ја осудува полициската бруталност врз новинарот Фуркан Салиу, бара итно ослободување и истрага за кршење на човековите права.
„Извори на ЦИВИЛ, упатуваат на загрижувачки факт – дека новинарот Салиу е претепан од полицијата и дека бил тепан и после приведувањето во полициската станица во Гази Баба. Такво постапување претставува флагрантно кршење на човековите права! Очигледно е дека смената на началниците во МВР, под командата на актуелниот технички министер за внатрешни работи, има ваков ефект – пречекорување на овластувањата и полициска бруталност. ЦИВИЛ бара итно ослободување на новинарот и независна истрага за пречекорување на овластувањата и полициска бруталност против новинарот Салиу, како и кон сите други што денеска биле предмет на вакво постапување на полицијата.“
И ЗНМ бара ослободување на Фуркан.
„ЗНМ бара Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а Министерството за внатрешни работи да ја информира јавноста за причините за неговото приведување.“
Од полицијата на Тошковски, нормално, молчат.
Јас барам од началниците на МВРО да си ги соберат парталите и да фатат џенем!
ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ за Фронтлајн