Го препознавте ли вистинскиот патриот


Дали е патриотизам ако со работа сте стекнале богатство и вработувате повеќе луѓе кои редовно за тоа се наградени со добри примања и платени придонеси, дали е патриотизам да стипендирате талентирани ученици и студенти, да изградите детска градинка, или училиште, амбуланта, болница, пат, водовод, да купите на аукција светски ремек-дела и да се оддолжите на татковината со тоа што ќе ги подарите на некој од музеите…. Можеме до утре да набројуваме стотици примери на патриотизам кои се практикуваат со лични пари и донации во светот, а кај нас ги има колку на прстите од едната рака и во многу поскромни рамки. Колку луѓе од вашето опкружување познавате кои имаат вакви патриотски достигнувања?

Нашиот најголем проблем е што во изминатите децении на независност исчезнаа критериумите во јавноста, што е тоа вистински патриотизам во мирно време и при изградба на демократско општество. Не можеме повеќе да го препознаме оти изумре вистинскиот патриотски однос и кон државата, но и кон сѐ она што значи љубов кон татковината и луѓето. Го убија патриотизмот лажните патриоти со новоговор пропагирајќи херојство и јунаштво небаре сме во војна со домашните предавници и надворешни непријатели.

Слушаме 24/7 говори кои повикуваат на единство зад кои се препознава само повик на делби и омраза, говор кој повикува на епохални откритија за посебноста на својот народ со идентитет од пред 3000 години. И конечно постојано ечи силна тревога за спасување на Македонија од опасноста за губење на идентитетот, јазикот, писмото, историјата, опасност од асимилација и бугаризација, опасност од домашни непријатели и странски платеници, опасност од дволичната и протекционистичка Европа, опасност од Америка и НАТО, опасност од сѐ што мисли поинаку од врховните патриоти.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e