Елементарната логика на Мицкоски

Блефот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговата партија покер со хрватскиот модел за уставните промени брзо е откриен. Голем влог со слаби карти. За да ја ублажи загубата веднаш стаса старата понуда во ново пакување: „ во овој парламентарен состав уставни промени нема да има“. Тоа, како што јавно изјави Мицкоски е неговата „елементарната логика“ која јасно означува дека политичката партија која ќе обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието ќе одлучи дали и какви уставни промени ќе има. Значи, промени на Уставот ќе има, но кога, за тоа ќе одлучува владата на ВМРО ДПМНЕ. Со други зборови, за македонските Бугари да влезат во Уставот заедно со други помали заедници за да продолжат предпристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ неопходни се предвремени парламентарни избори на кои ќе победи ВМРО ДПМНЕ.

Елементарната логика на власта пак е дека не може да има предвремени избори ако не се обезбедат 61 глас во Собранието за негово распуштање. Која е тука гаранцијата дека по брзите, или пак редовните избори 2024 година некоја од партиите, или коалиционите партнери ќе обезбедат 80 гласа колку што се потребни за уставни промени без кои не се можни преговорите со ЕУ. Или пак Мицкоски мисли дека таа елементарна логика за блокада на уставните промени важи само за ВМРО ДПМНЕ. Тоа е трагичниот резултат на комарџиската игра со иднината на државата при веќе почнати преговори тие да се стопираат на подолг рок.

Ни се заканува ли бугарското сценарио

Може ли и на Македонија да и се случи бугарското сценарио наредните две три години да се повторуваат повеќе пати парламентарните избори додека ВМРО ДПМНЕ И СДСМ со своите коалициони партнери не обезбедат доволен број гласови во Парламентот за остварување на најзначајниот државен интерес како што се задолжителните реформи за прием во редовно членство во ЕУ. Во таков случај може да се каже дека попречувањето на преговорите и неизвесноста за иднината на државата во суштина ќе биде и најголемото предавство на националните и државни интереси.

Наместо заеднички партиски став за европеизација на Македонија како што го направија сите досегашни членки на ЕУ, соочени со болни компромиси и отстапки, да не се попречуваат предпристапните преговори, кај нас се лансира „елементрана логика“ која нема ама баш никаква здрава логика, освен губење скапоцено време со катастрофална неизвесност. Во целиот овој 20 годишен период на кандидатски статус покрај ветата од Грција и условувањата од ЕУ, преовладеа логиката на домашни пречки надвор од здравиот разум. Им дадовме за право на грчките блокади и на бриселската бирократија кога почна да ги осудува светот. Тоа го постигнавме со нашата налудничава антикоманија, фалшивиот барок и скапоцено платената лудост со фрлање на стотици милиони евра во потрага по пославно античко минато. Кога се дојде до прифатлив компромис со Грција по цели 25 години разговори и преговори уследи референдумскиот бојкот, со популистичките ветувања за поништување на договорот со Грција, со застрашувања за обезличување на Македонија, со промената на името, губење на националниот идентитет, на македонскиот јазик, на историското минато, безмалку на сите идентитетски посебности за да на крајот да стасаме до тревогата дека се заканува асимилација и бугаризација на македонскиот народ.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов  ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e