Елај си Мицко во Северна Македонија, поарно да бидиш прв во село отколку последен во град

Владините и партиските вувузели на ДПМНЕ не’ отекоа: Мицко бил единствен политичар од Балканот поканет на инаугурацијата на Трамп… Македонија имала историска шанса да се „збратими“ со Америка… светските бизнисмени со вреќи полни долари чекале на ред да се видат со Мицко…
И таман помисливме оти почитуваниот ни премиер заедно со Безос и Маск ќе го кројат новиот светски поредок, дека Трамп ќе му ја даде мапата на светот да си ја нацрта Македонија до кај шо милува и колкава шо ја замислува – оп, трт, гевезн зајн!
Го сместија Мицика во спортска сала со навивачите на Вашингтон Визардс, му дадоа да пие евтин виски од пластична чаша и му дозволија да го гледа Трамп на големиот семафор. Е оти, малку е тоа?
Елај си Мицко во Северна Македонија, поарно да бидиш прв во село отколку последен во град. Оти таков каков шо си, за нигде не си!
ФБ став на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e