Не умри магаре за зелена трева е двосмислена народна изрека и ако се преведе на првиот круг избори 2024-та, би можело да се заклучи дека Силјановска Давкова е новиот врховен командант на АРМ но има и уште една народна која вели угоре високо, удолу длабоко па, би било умесно толку да не се избрзува со филмот претседателка зашто, кажано во оваа една реченица, ако само малку се ѕирне низ изборната клучалката и се види излезноста од 24-ти април и се констатира изборниот интерес на граѓаните, ќе се проектира мошне скромна бројка гласачки интерес, помалку од половината граѓани гласачи кои се упатиле на своите изборни локации, бројка која не достигнува ниту цели 50% и дека има изборен базен од околу или, попрецизно, од најмалку 300.000 гласови кај граѓаните кои наместо во средата да се наредат простум пред избирачките кутии, денот изборен си го преспаа дома па би било можно, еве нека е само како “на пример”, за вториот круг малку европски да се подразбудат и тогаш, исто така, е многу извесно 8 ми мај да биде изборен шок за актуелната победничка, секако и за партијата нејзин подржувач па АРМ сегашниот врховен командант да си го добие назад за уште пет години или пак, до догледно време, таа чест да му припадне прво на актуелниот времен собраниски спикер, потоа и на редовниот од новиот парламент но, и за едната и за другата претпоставка епилогот, сепак, ќе е во ноќта на 8-ми мај.
Зоран Иванов за ЦивилМедиа