Да апсиш искрени верници…Се огласи Мартин Костовски, по инцидентот во Галате

По инцидентот во селото Галате, во кој граѓани дошле да го уредат просторот во црквата во селото Галате, а во кој беа уапсени граѓани од страна на полицијата, се огласи пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.
„Господе прости им, не знаат што прават!
Да апсиш одговорни луѓе, искрени верници кои сами се организирале да уредат свое светилиште-црква во своја земја е она што ја прелева чашата.
Христијани и мои Македонци за оваа не се молчи, оваа во турско не било. Повикувам на гласност и поддршка од сите верници и од сите вери, правото на вера во Бога никој на никого не може и не смее да забрани!!!

Поддршка за граѓаните од с.Галате Гостиварско за реконструкција на црквата Св.Петка со Вас сме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e