Д-р Николов: Слобода без здравје е исто што и човек ставен во стаклено ѕвоно

ОДГОВОРОТ НА НАШАТА НЕОДГОВОРНОСТ, РЕЗУЛТИРА СО СТАВАЊЕ ПОД СТАКЛЕНО ЗВОНО НЕКОЈ НАШ БЛИЗОК ИЛИ САМИТЕ НАС!!!

Почитувани сограѓани, слободата е она што му недостасува на човештвото…
Но слобода без здравје е исто што и човек ставен во стаклено ѕвоно; може да ја гледа околината, но неможе да ја слушне, неможе да ја допре, неможе длабоко да вдише и да ги наполни градите со свеж воздух, неможе да ја помириса свежината на пролетните цвеќиња, неможе да истрча во паркот и да се струполи врз свежата трева, неможе да заигра фудбал, баскет со своите другари, едноставно нема да може да му се насмее на животот.

ВЕ ЗАМОЛУВАМ!!!

Единствениот начин да си ја вратиме слободата, да си ја вратиме социјализацијата, во било каква форма, е да ги почитуваме трите мерки, трите ритуали, кои МОРААТ да бидат дел од нашето секојдневие во наредниот период:

1. СОЦИЈАЛНА ДИСТАНЦА 1.5-2 метри.

2. НОСЕЊЕ ЗАШТИТНА МАСКА(во затворен простор и на отворен кога неможеме да одржиме социјална дистанца).

3. ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕ И РАБОТНИ ПОВРШИНИ.

П. С.
Доколку сме во ситуација, каде мислиме дека никој не не гледа и мислиме дека може да правиме што сакаме, повторно сетете се на овие три ритуали, зошто ОДГОВОРОТ НА НАШАТА НЕОДГОВОРНОСТ ЌЕ РЕЗУЛТИРА СО СТАВАЊЕ ПОД СТАКЛЕНО ЗВОНО НЕКОЈ НАШ БЛИЗОК ИЛИ САМИТЕ НАС!!!

ФБ статус на Сашко Николов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e