Бугарија ја зајакна посебноста на Македонците

Никогаш во поновата историја на независна Македонија немало толкав интерес, кај пошироката јавност, за сопственото минато и за универзалните права на самоопределување како што е тоа сега. Пишува Ерол Ризаов

Секоја негација, од позиција на сила на националната, јазична и верска припадност, само ги зајакнува идентитетските посебности на еден народ. Обидите да се докаже дека сте, тоа што не сте, и што не сакате да бидете, и во војна и во мир, го даваат тој резултат.

Бугарија со своите погрешни политички постапки кон соседна Македонија го постигна на драстичен начин тој ефект со заканата дека ќе ги запре преговорите на својот сосед со Европската унија. Никогаш во поновата историја на независна Македонија немало толкав интерес кај пошироката јавност за сопственото минато и за универзалните права на самоопределување како што е тоа сега- наметнато од бугарската политика со антицивилизацискиот и антиевропски меморандум пред денот кога треба да почне најтешката етапа од историската цел на една држава, членството во ЕУ.

Една националистичка заблуда која трае со децении, постојано подгревана со пропаганди, историските процеси да се создаде национална и јазична посебност и сопствена самостојна држава, се претвори во ултиматум да се одреди точен датум, час и минута кога Македонците станале Македонци и кога почнале да зборуваат македонски.

Во суштина ова што сега го наметнува Бугарија е само уште еден доказ колку е голема разликата меѓу членството во Европската унија и европеизацијата на една држава. Членството во ЕУ по редовен пат, или со протекционизам и интерес на големите сили може да се постигне за три, пет, или десет години, а европеизацијата е процес кој може да потрае цел век, или подолго ако станува збор за Балканите. Колку се далеку од тоа да бидат европејци Бугарите, Грците, Македонците, Србите, Албанците, Турците…не се потребни посебни научни, културни и историски истражувања. Доволен е само еден мал преглед, не само на јавните настапи на политичарите, туку и на одлуките на институциите на парламентарната демократија: владите, парламентите, премиерите, претседателите, академиите на науки, на идеолошките филмови кои се вртат постојано на телевизиите, на јазикот на омраза и нетрпеливост во контактните емисии, на дебатите, на сатанизацијата на личностите кои мислат поинаку, на целиот амбиент во државите и се ќе биде сосема јасно на кое дереџе се односите меѓу балканските држави и народи.

Целата колумна на Ерол Ризаов За Дојче Веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e