Богоевски: Време е за студени глави и остри умови, не смееме да паѓаме на импотентните закани за радикализација

Вчерашниот ден можевме да видиме се’ што ни е потребно да знаеме за политикантите кои стојат на патот кон подобро утре.
вмро продолжува да ја негира реалноста, тврдејќи дека Кастриот е киднапиран. Се разбира, немаат докази – ама бараат власта да ги обезбеди.
димче, врз основа на таа, непосточка реалност, шизофрено повикува на радикализација и се заканува дека “не знаеме што не’ чека”.
Села пушти краток допис до медиумите и се сокри во дупка.
На Мицкоски пак, му се згади од македонска политика и западна во егзистенцијална криза.
Сите заедно, “враќањето на вмро на голема врата”, велемајсторки го претворија во понижувачки пораз. За само две недели.
Не смееме да им паѓаме на провокациите и на импотентните закани за радикализација. Сега не е време за егоистични политики и насилнички реторики.
Сега е време за студени глави и остри умови бидејќи нашата држава не заслужува ништо помалку од тоа.

ФБ статус на Павле Богоевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e