Богоевски: Победата над фашизмот не се слави со ликување на ликот и (зло)делата на чудовиштата како Путин

Победата над фашизмот не се слави со ликување на ликот и (зло)делата на чудовиштата како Путин и сличните нему.
Триумфот над најголемото зло против човештвото не се слави со наоѓање на оправданија за масакрите и релативизирање на страдањата на жртвите.
Ниту го имаме комодитетот да ја славиме победата над фашизмот преку неутралност која, вистинска или вештачка, секогаш му оди во полза само на тиранинот.
Победата над фашизмот се слави со остро и одлучно сотирање на неговото семе. Битката треба да ја водиме во неговиот зародиш, уште пред да добие шанса да прерасне во токсичната идеологија на луѓе и подлуѓе, на патриоти и предавници. Идеологија на крвопролевање како легитимно средство на реализација на политички цели, „одбрана“ од измислени демони или едноставно – полесен пат на решавање на мошне сложените проблеми на овој наш, XXI век.
СФ/СН, другарки и другари!
ФБ статус на Павле Богоевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e