Богоевски по пресот на Реџепи: Дури ни ова нема да ја одврати наративата на опозицијата дека Кастриот бил киднапиран

Кастриот Реџепи кажа дека имал големи притисоци и закани по живот на денот кога требаше да се гласа недоверба на Владата.
Е, сега – дали мислите дека тие притисоци и закани дојдоа од коалицијата предводена од СДСМ, или од баграта предводена од вмро, А/АА и лудион апасиев?
Заканите се пријавени во институциите. Ќе биде голема грешка доколку МВР не ги истражи до крај и не ги објави тие кои се заканувале.
Тоа што е најстрашно, е дека дури ни ова нема да ја одврати наративата на опозицијата дека Кастриот бил киднапиран. Тие одамна се скарани со реалноста, а за нив незначајните работи – како што се фактите и доказите – никогаш нема да бидат доволни за да го променат тоа.
ФБ статус на Павле Богоевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e