Богоевски: Мал опис од краткото кметување на Данела со Скопје – за само седум дена

Мал опис од краткото кметување на Данела со Скопје – за само седум дена:

1. Имаше став „јас не сум од тука“ за насилството на вмровскиот шериф врз работниците на Галијата кој се руши. Во одговор на новинарско прашање „го осуди целото насилство, па и ова“, но Град Скопје немаше никаква официјална реакција;

2. Најави прекинување на проектот за БРТ систем и онака, „менаџерски“ одби пари кои Европската банка за обнова и развој ги издвои за Скопје, а со тоа и го загрози целиот Акциски план за Зелен град кој е поддржан од ЕБОР и кој се развиваше и имплементираше 4 години;

3. Стана првата Градоначалничка во историјата на Скопје која не се појави на доделувањето на наградите „13ти Ноември“, поради исклучиво партиски причини;

4. Фамозниот проект за „бесплатен јавен превоз“ е сведен на „селење на Марс“ и на една предизборна сликичка со прескап кинески електричен автобус и порака „Избери 250 нови еколошки автобуси“.
Ама добро па, овој „Арогантниот“ новите велосипедски патеки низ целиот град ги направи само 80, а не 110см, како што е стандардот во Данска – така што, изедначена е работава.

ФБ статус на Павле Богоевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e