Заштитата на мафијата и криминалот тежок милијарди евра, криењето на ајдуклукот во секоја узурпирана институција и опструкцијата на носењето на позитивни промени за живот на секој човек во нашата Македонија е целта на блокадата од малцинството во Собранието.
Добро е за сите граѓани и иднината на Република Македонија што времето и просторот за политичари како оние од првиот ред на криминалното вмро тука завршува.
Доаѓа време на кадри што со чесен и сериозен пристап ги враќаат уништените вредности, праведното и перспективно #еднопштество и ги решаваат реалните проблеми на секој граѓанин.
Луѓе што професионално се ангажирале во политиката без да бидат платени да креираат и продуцираат страв, лаги и манипулации и да лечат комплекси од детството, прават бизнис зделки и да штитат нечиј криминал.
Напротив, со чесност и работа да докажат дека секој мора да одговара пред законот и дека може многу да се направи за секој наш граѓанин.
Заштитата на мафијата и криминалот тежок милијарди евра, криењето на ајдуклукот во секоја узурпирана институција и опструкцијата на носењето на позитивни промени за живот на секој човек во нашата Македонија е целта на блокадата од малцинството во Собранието.
Се разбира, кога се борите за вистината и правдата, нема сила што може да ги запре демократските и реформски процеси!
Успеваме, победуваме и носиме промени за живот!
Љупчо Николовски