Ај да го видиме и тоа чудо што не сме го виделе

За да откриеме како ќе се одвива досега невидената операција за спасување на Македонија не е на одмет малку да се потсетиме на тоа што сѐ досега сме виделе и преживеале, ишува Ерол Ризаов

Со голема професионална љубопитност, но и со загриженост го очекувам 10 мај, денот кога истекува ултиматумот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за договор за предвремени избори. Откако експресно доби одговор дека редовни избори ќе има во 2024 година, оти сега имало поважни работи од битки за власт, веќе нема пречки да го видиме тоа што не бевме го виделе во изминатите три децении, или пак може Мицкоски мисли и уште порано кога вели ќе видиме нешто што никогаш не сме виделе. Врзете се, полетуваме, ај да го видиме и тоа чудо додека не сме обневиделе.

За да откриеме како ќе се одвива досега невидената операција за спасување на Македонија не е на одмет малку да се потсетиме што досега сме виделе и преживеале. Повозрасните што се родени кога бевме во составен дел на Југославија го видоа крвавиот распад на една регионална велесила, некои со право тврдат и многу повеќе од тоа. Тие што мислеа дека ја спасуваат со војни за превласт и хегемонија над другите, ги загубија сите битки. Потрошениот историски модел, неподготвен за натамошна демократизација на општеството поради милитантниот национализам се распадна со дотогаш невидени страдања, жртви и разорувања. Заробениците на географијата и историјата нацртаа карти кој до каде е, не водејќи сметка за промените на теренот.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e