Липите цветаат, но не е исто како лани!

Текстот е превземен од ЦивилМедиа.

Помина точно една година, 27 април, а Фејбукот ме потести на песната „Липе цвату, све је исто ко и лане“…, од Бело Дугме, бидејќи со таа песна другарот Ермин ме поздрави за случувањата што се случуваа во Собранието.

Завршивме со работнотите обврски, и накај 17/18 часот поискусните (повозрасни) колеги нè испратија до автобуска да си заминеме дома, бидејќи се навестуваше дека нема да е мирно во Собранието. Додека патував, со неверување читав и гледав снимки од упадот на ордата како ги тепаат пратениците, а особено бев изненаден како некој се дрзнал да го удри и раскрвави Зоран Заев…

Стасав дома, но место не ме држеше. Од минута во минута дознавав за нови случувања. За претепувани пратеници, но најнеизвесно беше моментот кога се рашири информацијата дека пратеникот Зијадин Села е мртов, дека разбеснатата толпа го убила…

Со другар(к)ите од ЦИВИЛ постојано бевме во комуникација, дали сите се во ред, дали има некакви проблеми и секако да бидеме будни да информираме за случувањата.

Другари, роднини, познаници кои се во државата, но и кои живеат во странство, постојано ѕвонат да прашат кај сум, дали сум во ред, каква е ситуацијата во државата и во македонскиот Парламент…

Целата колумна на Дехран Муратов за ЦивилМедиа прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e