Македонија во приколката на Б-лигата на ЕУ

Инвестирање во мир, безбедност, просперитет и стабилност во Европа. Таквиот оптимизам, со кој високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерени, го изразува своето убедување околу ползата од натамошната политика на проширување на Унијата, со која би биле опфатени Македонија и останатите земји од Западен Балкан, сепак не нуди и одговор на прашањето како европските интеграции да продолжат понатаму на начин што ќе ги обедини земјите-членки и ќе ја зајакне демократијата.

Токму затоа францускиот претседател Макрон смета дека не е дојдено времето за прием на државите од Западен Балкан, барем додека не се продолабочат интеграцијата и реформите во ЕУ. Макрон, поаѓајќи од оценката дека досега федералистичките стремежи се одвивале споро, смета дека иднинта на ЕУ е во зголемување на централизацијата. И токму тука повторно се актуелизира прашањето на идниот карактер и динамика на интегративните процеси, бидејќи ако таа линија се оствари тогаш би можело да биде неопходно да им се дозволи на земјите-членки да продолжат со различни брзини.

Еден друг истакнат фарнцуски политичар, Жак Делор, поранешен претседател на Европската комисја, во 1990-тите години ја лансираше својата позната т.н. „велосипед-терорија“, односно дека европскиот проект, токму како и велосипед, мора да се движи напред за да не изгуби рамнотежа и падне. Но во услови кога повеќе земји-членки ниту сакаат, ниту пак можат да се движат во наскока кон повеќе “наддржавност“, движењето напред станува можно само доколку група земји од јадрото на ЕУ покажат готовност да ја продолжат интеграцијата и да ги остават другите да заостануваат. Со надеж дека нема да останат премногу назад, и дека сепак ќе бидат повлечени на некој начин. Во една таква расклатена и несигурна приколка, закачена на опашката на европската композиција, сега повторно се најде малку место и за Македонија.

Во рамките на ЕУ отсекогаш било актуелно, а по последната деценија обележена со финансискта и мигантската криза, сè поотворено се зборува за различните брзини за А и Б-лигата. Добар пример во таа смисла, што ги отсликува спротивставените ставови и гледишта во интеграциската дебата, е поделабата на А и Б-потрошувачи во Европа. Пред извесно време интеграцсики пројект доживеа мал потрес кога беше обелоденето дека интернационални концерни за прехрамбени производи свесно продаваарт полоши верзии од своите брендови во Источна Европа. На пример, чешкиот „Спрајт“ содржи повеќе вештачки средства за засладување отколку во Германија, а во австриски торти со јагоди има 40 проценти повеќе јагоди отколку во истите торти што се продаваат во Словенија. Вакви случувања, се разбира, се проследени со политичка сериозност, иако можеби недоволно таму каде што најмногу и се очекува – на масата на Европската комисија. Многумина источноевропејци се затоа скептични во однос на приказната за еднаквоста на третманот, дистанцирајќи се од големите идеи, како, на пример, кога Мартин Шулц во својство на лидер на германските социјалдемократи ја лансираше визијата за Соединети Европски Држави. Бидејќи останува отворено прашањето: – ако дури ни пазарот не успева да ги третира еднакво сите Европејци, каква иднина тогаш има интегацијата?

Факт е дека низа лоши предзнаци, иако акутната економска криза моментно се чини е запрена, продолжуваат да се трупаат врз ЕУ. Еден грчки или италијански банкарски крах и понатаму може да внесе нерамнотежа во целиот евро-систем, во Полска и Унгарија владите покажуваат отворени заложби насочени кон авторитарна политичка традиција, а во многу други земји, вклучувајќи ги и Франција и Германија, либералниот естаблишмент е предизвикан од националистичките десничарски сили. Регионалниот сепаратизам се засилува, а една од најважните членки на Унијата е на пат да ја напушти. Накусо речено, кризите од последната деценија создадоа конфликти што во себе содржат доволно сила за да можат да вметнат стап во тркалото на велосипедот – засекогаш, или барем за еден подолг временски период.

Според многумина аналитичари, европската политика се наоѓа пред елементарна “културна борба“, или е соочена со состојба што германската професорка и публицист, Улрике Гуеро, ја изразува во насловот на својата книга што предизвика големо внимание, „Новата граѓанска војна“. Повеќе нема место за нови половични мерки. Европа мора да избере страна – меѓу оние кои се залагаат за јакнење на еднаквоста и либералните слободи и права, од една, и оние кои сакаат да ги бранат традиционалните вредности и колективните идентитети, од друга страна. Со цел да се запре реакционарниот пробив, мора да се премине решително во противнапад, при што, идеалот, смета Гуеро, треба да биде: „Еден пазар – една валута – една демократија!“ Таа е убедена дека постои голем мајоритет меѓу денешните Европејци за да се оствари една политичка унија во Европа – но дека тоа, во таков случај, мора да се спроведе во цела Европа, без поделби на А и Б-лиги. А можеби, – би додале од наша страна, – и со постоењен на една трета лига, со која на рабовите на пројектот за изградба на заеднички европски дом се идентификува Балканот.

Политичка унија во цела Европа бара и радиаклна преобразба на политичките институции на ЕУ, а со цел, смета Улрике Гуеро, националните граници постепено да бидат реалативизирани, и, всушност, да станат одвишни. Сепак, надежите на Гуеро за силна народна поддршка за јакнење на политичка унија сега-засега остануваат само во сферата на посакувани желби. Според направените сондажи, идејата за Соединети Европски Држави добива поддршка од најмногу 30 проценти во Германија, а во скандинавските земји не повеќе од 12-13 проценти.

На балканската приколка закачена на европската композиција се гледа како на нејзин неизбежен составен дел, и веројатно нема доволно сили за да го запре нејзиното движење. Потребни се, всушност, други суштествени реформи во целата ЕУ што ќе го исфрлат стапот од тркалото на Делор. Бидејќи останува сосем неизвесно на каков начин Макрон во актуелниов миг би успеал да понуди решение за натамошните интеграции преку откривање на некаков нов “европски велосипед“.

Автор: Ивица Челиковиќ

Извор: Либертас

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e