17. мај 2015 – Најмасовниот и најдостоинствениот протест било кога одржан во нашата земја

Рековме: Доаѓаме!
И – дојдовме! Во Скопје. Ние, граѓаните на Македонија. Од сите нејзини краишта. Од секој град и секое село.
Тој неделен ден,17-ти мај 2015 година, бескрајна река од народ од сите страни на Скопје се слеваше кон обезличената зграда на „Илинденска“ бб.
Ниту пред, ниту после тој ден, никогаш повеќе народ собран на едно место. Никогаш поголема енергија. Одважност и одлучност. Храброст и гордост. Никогаш поголемо достоинство во секој од нас. Никогаш посилна желба, верба, дека сакаме, дека можеме работите да ги промениме на подобро.
Беше тоа најмасовниот и најдостоинствениот протест било кога одржан во нашата земја.
Вечерта пред зградата на Владата се поставија шатори. Никна „Кампот на слободата“, предвесникот на падот на режимот и повторното освојување на слободата.
ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e