10 точки за она што е заглавено во „Модерно Скопје“ на Данела Арсовска

10 точки за она што е заглавено во „Модерно Скопје“ на Данела Арсовска:
1. Пречистителната станица никој не знае до каде е.
2. Мостот Михајло Апостолски не се отвора за сообраќај.
3. Мостот Беласица е со по една лента во правец, никој не знае дали е безбеден, или не е.
4. Клучката Момин поток нема абер од завршување.
5. Мостот Обединети нации е во очајна состојба, може да падне сам од себе.
6. Подземниот булевар под Лимак нема пристапи и како да не постои.
7. Патот за Драчево оставен така недоправен.
8. Универзална сала сè уште не е предадена на Министерство за култура па пропаѓа и она што беше почнато да се работи.
9. Европска престолнина на култура никој веќе не спомнува.
10. Последно, но не и најмалку важно – новиот ГУП требаше да биде на сила во 2022 година, еве завршува 2023, а нема никаков глас, ни абер дека нешто се работи и кога ќе биде готов.
Тоифорите од кеј ги тргнаа.
Вело патеки нема.
МКЦ на умирање.
ФБ став на Васко Лазаревски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e