Зои Кравиц и Роберт Патисон главни актери во „Бетмен“

Според најновите информации од филмските портали, Зои Кравиц ќе се појави во новиот филм за човекот лилјак, каде ќе ја игра Жената-мачка, а главниот лик на Бетмен, доверен му е на Роберт Патисон, ѕвездата на филмот „Самрак“. Исто така се шпекулира дека Џона Хил и Енди Серкис се во преговори за улоги во филмот, но не е потврдено за кои.
Зои ќе има задача да ја оживее улогата која пред нејзе ја играа Ен Хатавевј, Хали Бери и Мишел Фајфер. Инаку ова не е прв пат за Зои да ја глуми оваа улога. Имено таа во анимираниот филм „Лего Бетмен“ ѝ го позајми гласот на Жената-мачка. Продукцијата на филмот започнува во јануари 2020 гдина во Лондон. Сценариото е на Матсон Томлин заедно со режисерот Мет Ривс, а премиерата е закажана за јуни 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e