Северина денес објави нова песна, „Nisam kriva ja“, која има и поднаслов „Bezosjećajna“. Песната е првиот дел од најавената музичка трилогија во која пејачката истражува три различни емоционални состојби.
„Nisam kriva ja“ е опишана како една од најинтимните песни на Северина во последните години. Текстовите зборуваат за емоционални лузни и неможноста да се откаже од љубовта. Приказна за жена која ја изгубила способноста да сака, не по своја слободна волја, туку поради животните искуства.
Ова е само почеток на новиот музички проект на Северина. Во наредните денови таа ќе ги објави и останатите две песни од трилогијата – „Pozovi me ti“, со поднаслов „Anksiozna“, и „Svirajte mi ‘Rađaj sinove’“, со поднаслов „Savršena“. Заедно, трите песни ќе претставуваат заокружена приказна во која музиката, текстовите и видеоспотовите се поврзани во единствен концепт.
