Животот „му виси на конец“ – На Дарко Лазиќ му откажа едниот бубрег

Пејачот Дарко Лазиќ изгледа одлично и се повеќе се занимава со својот стајлинг и физички изглед.

Познатиот пејач ослабе 75 килограми, а драстичниот пад на тежината може да доведе до сериозни последици. Пријателот на Дарко, кој е доктор по професија го истакна своето мислење за здравјето на пејачот.
Опасно е да се ослабне толку брзо, организмот доживува шок и може да се случи некои органи да откажат и Дарко мора да оди на редовни прегледи. Неговиот стомак сега одбива вишок храна, ако јаде само малку од дозволеното, тој повраќа и губи уште поголема тежина. Лекарите велат дека и срцето е загрозено од големо слабеење, особено ако претходно имало некои здравствени проблеми, а колку што знам, едниот бубрег не работи. Наглото слабеење може да доведе до губење на мускулната маса, опаѓање на косата, губење на имунитет, промени во кожата, неплодност, анемија, срцеви проблеми, хормонална нерамнотежа, а понекогаш може да биде и фатална Родителите се многу загрижени, го гледаат како се суши, велат дека од тоа нема ништо, вели славниот доктор.
Лазиќ беше на операција за стеснување на желудникот и отогаш драстично ослабе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e