Жељко и Јована Јоксимовиќ заразени од корона вирус, ги откажаа сите ангажмани

Популарниот српски пејач, композитор и продуцент Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга, водителката Јована, се позитивни на коронавирус, информирал извор блисок до семејството за српски Стори.

Според изворот, брачната двојка е во изолација која наскоро ќе истече, состојбата од ден на ден им се подобрува и се очекува наскоро да се вратат на секојдневните обврски.

Новата 2022 не започна добро за нив, па уште на почетокот на годината беа принудени да останат дома.

Јоксимовиќ пред неколку дена ја откажа српската новогодишна ноќ која беше закажана за 13 јануари на шеталиштето Сава, со образложение дека се одлучил на овој потег поради лошата епидемиолошка состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e