За малку уапсена египетска инфлуенсерка поради фотосесија во Гиза

Египетската манекенка Салма Ел-Шими била уапсена на 30 ноември веднаш откако одржала куса фотосесија во Сакара – археолошко наоѓалиште во градот Гиза. Локалитетот неодамна беше многу актуелен откако беа откриени најмалку 100 запечатени саркофази со мумифицирани тела во нив.

Имено, 26-годишната инфлуенсерка и нејзиниот 22-годишен фотограф Хосам Мухамед немале дозвола за фотографирање на местото, а претставник на ресорното министерство ја нарече облеката на Ел-Шими – тесен бел фустан со појас и околувратник со традиционална монистра – „несоодветна“. Мухамед потврди дека потоа тие двајца, некако, се спогодиле со власите и одговорните за наѓалиштето, па избегнале казна.

Манекенката се фотографираше близу Пирамидата на Џозер, изградена некаде во 27. век пред Христа. Притоа, таа сакала да изгледа како кралицата (фараонка) „Малбан-тити“ – измислено име-сложена од зборот „малбан“ – вид локум и името на славната Нефертити.

Властите ја обвинија Ел-Шими за „нарушување на цивилизацијата и навреда на големата фараонска историја“. Египетските закони важат за прилично строги во таа смисла.

Но, и покрај сите непријатности, „локум-тити“ објави дел од слииките на Instagram, по согласноста од луѓето одговорни за наоѓалиштето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e