Во петок во Крушево „Еден маж и повеќе жени“ театарска претстава која не се пропушта

Дека Крушево целосно се враќа со туристичка и културна понуда е доказ рестартот на театарските претстави, предводени од талентираните крушевски актери.

Во петок во 19 и 30 часот во оспособената сала за театар и кино во горната училишна зграда ќе се одигра претставата Еден маж и повеќе жени во изведба на Михајло Миленкоски, Захарија Ангелеска и Аница Бебиќ.

“Еден маж и повеќе жени ”, е претстава која ве поканува во светот на Гарунски, маж кој е зашеметен од низата изненадувања кои му ги приредуваат жените околу него. Создадени од истата природа, жени обединети, кои постојано се менуваат – една е премногу обична, друга премногу вознемирена, една премногу добра, друга премногу авторитетна, трети очајни или неизлечиво романтични, успеваат да го трансформираат Гарунски во мажот на денешницата. Тоа е една константна борба помеѓу половите – тема која потсетува на разноликоста и спектарот на нивните мисли и дејствувања.

Но, ако некогаш беше актуелно дека мажите се од Марс, а жените од Венера, денес ќе се запрашаме од каде всушност доаѓаат нашите битија и на што сé се спремни, за да остават трага во историјата на своето постоење. Оваа претстава преку нејзината едноставност ќе ви ја долови деликатноста на прашањето ” Што сум јас? “, се вели во најавата за настанот.

Влезот е 150 денари, а местата се ограничени во рамки на протоколите за заштита од Ковид 19.

Резервирајте го вашето место! Линк до настанот.

Линк до објава: „Еден маж и повеќе жени“ театарска претстава која не се пропушта – Викенд во Крушево (weekendinkrusevo.com)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e