(ВИДЕО) Запознајте ги Artist Band!

Името Artist Band е ново на македонската музичка сцена, но членовите се добропознати за слушателите на добрата музика.

Под слоганот „We play music, we make art“ петте музичари ги здружуваат своите музички квалитети и даваат звук на хармонија помеѓу нотите, емоциите и искуството.

Пејачот на Artist Band – Кристијан Тасевски (27) е дипломиран соло пејач на ФМУ во Скопје. Неговата 10-годишна кариера брои многу настапи, концерти, реномирани македонски фестивали како и неколку снимени свои авторски песни.
kristijan t-2-3Никола Николовски (27) е еден од клавијатуристите на бендот. Има завршено Музичка академија и има искуството како наставник. На 10 години ја избира хармониката како свој сопатник во музичкиот свет, продолжува со усовршување на клавијатурата и негување на љубовта кон музиката се до ден-денес.
nikola n-2-4Даниел Маневски (27) е исто така клавијатурист во Artist Band. Тој е дипломиран музичар теоретичар и вработен во ансамблот за народни песни и игри „Танец”. Неговата љубов кон пијаното, односно клавијатурите, датира уште од негова петгодишна возраст и сите овие години усовршување, го надополнуваат квалитетот на бендот.
daniel m-2-3Гоги Мицевски (21) е најмладиот член и се вклучува во музичката приказна на бендот преку тапаните. Тој е студент на Музичкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Првиот сет тапаните ги добива на 13-годишна возраст и ги доживува како интересни и комплексни инструменти.
gogi-2Теодор Љушкоски (24) го надополнува музичкиот состав на бендот со дувачките инструменти. Дипломиран кларинетист на ФМУ во Скопје, има студирано и на Факултетот за уметности во Цирих, Швајцарија. Теодор доаѓа од фамилија каде музиката е традиција и со тоа дава еден посебен сјај на името на Artist Band.
teodor-2Слушнете како звучат Кристијан, Никола, Даниел, Гоги и Теодор кога ќе ги вкрстат своите музички таленти во името на Artist Band.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e