(ВИДЕО) За само неколку часа собра над 20 милиони прегледи: Адел објави нова песна

Британската поп ѕвезда Адел ред неколку дена објави дека нејзиниот прв албум по шест години пауза излегува на 19 ноември. Таа го сними албумот по големи промени и турбуленции во својот приватен живот и го нарече „30“, според возраста на која што се омажи и раздели од сопругот Сајмон Конецки во 2018.

Адел го објави и првиот сингл од новиот албум „Easy On Me“, моќна балада со пијано придружба која за само 13 часа има над 20 милиони прегледи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e