(ВИДЕО) Вака изгледа кога славниот фудбалер Бекам „патува низ времето“

Дејвид Бекам е можеби познат и поради својот изглед, колку и поради фудбалската кариера, а во новата кампања е во досега невидено издание.

40 годишниот Бекам поминал низ дигитална промена на својот изглед која претпоставува како тој би изгледал во своите седумдесети години.

Видеото е дел од непрофитабилната кампања „ Malaria No more“ (Маларија никогаш повеќе) во која Бекам патува низ времето и ги поттикнува луѓето да ја дадат својата поддршка на социјалните мрежи.

Тој во видеото се појавува како стар маж и и говори на публиката дека светот ја победил маларијата, најстариот и најсмртоносен непријател на човештвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e