(ВИДЕО) Трамп или Бајден? Мадона откри за кого ќе гласа!

Во пресрет на претстојните претседателски избори во САД, кралицата на поп музиката, Мадона, објави нова фотографија на Инстаграм со која потача дека само што гласала, и дека нејзиниот избор е кандидатот на демократите Џо Бајден.

Имено, Мадона објави три селфи фотографии, објавувајќи дека отишла на избори.

„Вака изгледа лицето на девојчето кое само што гласаше. Излезете на избори и преземете одговорност. Мојот избор е Џо Бајден“, напиша Мадона.

Кралицата на поп-музиката веќе неколку години важи за една од лутите противници на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Претходно, во текот на 2017 година, таа изјави дека „ќе фрли бомба врз Белата куќа“, а непосредно пред претседателските избори во 2016 година, изјави дека орално ќе ги задоволи сите што ќе гласаат за Хилари Клинтoн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e