(ВИДЕО) Тејлор Свифт е првата жена која освои награда за глобална икона

Teјлор Свифт е природна, талентирана, убава и многу успешна млада жена којашто во музиката направила сè што е можно и неможно.

Вчера беше одржано доделувањето на BRIT наградите: Тејлор Свифт (31) уште еднаш го направи невозможното – беше прогласена за глобална икона, а таа награда досега не ја освоила ниту една жена.

Во текот на говорот во којшто им се заблагодарила на соработниците и пријателите, Тејлор се насмеала и тивко му се заблагодарила на Џо Алвин (30), а тоа воедно било и првпат да зборува јавно за долгогодишното момче.

Меѓутоа, во јавноста се шпекулира дека младиот актер никогаш не се појавил на црвениот тепих со Тејлор, па поради тоа таа врска, како и безбројте други љубови на пејачката се осудени на пропаст.

Пејачката на себе носела здолниште и топ маичка кои што биле дизајнирани специјално за неа, украсени со кристaлчиња.

Со оваа специјална награда Тејлор Свифт им се придружила на претходните добитници на истата награда, а тоа се Елтон Џон, Роби Вилијамс и Дејвид Боуви.

Тејлор е најпродаваниот музички уметник на годината во Велика Британија, а до денес продала над 114 милиони албуми ширум светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e