(ВИДЕО) Српски фолк 10 секунди заработи 1.200 евра

Српскиот фолк пејач Радиша Трајковиќ Џани за десет секунди заработи 1.200 евра на прославата на раѓањето на синот на белградската дизајнерка Дијана Радоњиќ, пренесуваат српските медиуми.

Прославата се одржала во еден белградски ресторан, а гостите ги забавувале Дарко Лазиќ и Џани. Додека пееле фолкерите, гостите ги опсипуваа со банкноти, а рекордот падна кога Џани го отпеа хитот ,,Још те сањам”. За десет секунди од почетокот на песната, или околу десет отпеани зборови, Џани доби 1.200 евра, открива видеото објавено на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како човек со подебел куп банкноти става пари во рацете на Џани. Џани за кратко време доби толку многу пари во рацете што на крајот и самиот го потчукна по раката човекот и го спречи да продолжи да му дава евра.

Гостите беа толку воодушевени од настапот што дури и го бакнаа Џани во чело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e