(ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Лара Иванова – „Некогаш ќе помине“

Младата пејачка Лара Иванова има само 16 години, а позади себе веќе има неколку одлични песни со спотови и настапи на неколку музички фестивали во земјава.

Иванова по одличната „Полудена по тебе“, извади уште една нова модерна песна, насловена како „Некогаш ќе помине“.

Нејзиниот верен, неколку годишен соработник е Иле Спасев, кој се потпишува и позади овој проект, заедно со текстописецот Робин Зимбаков.
Лара за оваа песна сними и видео спот, за кој е одговорен Горан Симјаноски. Спотот е снимен на неколку локации во Скопје, а во него се појавува самата Лара, со извонредни креации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e