(ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Јордан Митев „Пуста желба неостварена“

Македонскиот пејач на народна песна и љубеникот на публиката, Јордан Митев неодамна најави дека наскоро излегува неговата нова песна која за прв пат официјално ќе биде промовирана на фестивалот за новосоздадена македонска фолк музика “Прилеп Фест” 2022.

Имено Митев денеска ја претстави својата нова песна „Пуста желба неостварена“.
„Почитувани фанови,со задоволство ви ја претстаувам мојата нова песна насловена “Пуста желба неостварена”!
Се надевам ќе уживате во истата!
Од срце, поздрав до сите!“, напиша во објавата Јордан Митев.

Митев како автор досега има напишано доста голем број композиции коишто некои од нив се наградувани во Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e