(ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Дино Мерлин преку која испраќа моќна порака

Популарниот пејач Дино Мерлин, по повеќе од шест години, ја објави песната „Ние“, од претстојниот нов албум.

Првата песна од дванаесеттиот студиски албум по „Хотел Национал“ од 2014 година, ја воодушеви публиката, а силната порака што ја има песната им е потребна на сите во овој момент.

– Песната „Ние“ е песна за нас во светот што се менува и за нас кои се менуваме заедно со светот, сакале или не. Дали ова ќе биде промена на подобро, зависи не само од светот, туку и од нас – рече Дино Мерлин и додаде:

– Во време на пандемија, уште еднаш гледаме како сме насочени едни кон други, како зависиме едни од други, како сме заедно во ова и како само заедно можеме да ја преживееме оваа нова неволја што не снајде и колку повеќе од кога и да треба да бидеме „Ние“ .

Една од пораките на песната „Ние“ е дека не смееме да губиме оптимизам, верба и надеж, иако времето не е најсреќно и дека мора да се покажеме дека можеме да излеземе од лоши времиња како подобри и поблагородни луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e