(ВИДЕО) Слушнете ја „Магнет“ – новата песна на Антониа Гиговска

„Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска.
Довербата за песната му ја даде на веќе докажаниот Лазар Цветкоски, а спотот го решираше Даниел Јовески.

-Се радувам на секој нов проект затоа што работам со многу љубов. “МАГНЕТ” е песната што ќе се најде на мојот албум “2001”.Ви благодарам на сите за убавите зборови и критики. Верувам дека и оваа песна како и сите мои останати ќе си го најде својот пат до вашите срца. Сакајте се ,живејте го животот во еден здив, порача Гиговска.

Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ.

Младата пејачака за неколку месеци го најавува и излегувањето на својот прв албум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e