(ВИДЕО) Рита Ора во носија и чизми со албанско знаме во новиот спот

Пејачката Рита Ора објави нов спот за песната „Bang“, во кој носи чизми со албанско знаме и традиционална носија.

Пејачката минатата година неколкупати беше во центарот на вниманието, бидејќи ги прекрши мерките за карантин во Велика Британија, каде што живее, меѓу останатото и со своето патување во Бугарија, каде е снимел дел од спотот за нејзиниот нов сингл.

Ора во спотот е прикажана со танчерки во народна носија, а видеото исто така изобилува со прикази од природа и урбани делови на Бугарија.

Сцените во традиционална облека се прошарани и со кадри во кои Ора е во чипкана долна облека.

Синглот „Bang“ е снимен и продуциран целосно преку апликациајта Зум, а го потпишуваат и изведувачите Дејвид Гета, Гана, Киа и Иманбек, а Ора за спотот рекла дека е еден од најгордите моменти во нејзината кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e