Актерот Андрија Милошевиќ во своја верзија ја изведе песната „In corpore sano“ и насмеа многумина.
– Позитивното влијание на Констракта врз новиот родител… – пишува Андрија, а во видеото ја гледаме неговата разбушавена коса, очите отечени од недоволно сон.
– Родителот мора да е буден, буден – пееше Андрија и аплаудираше, а потоа додаде: „Не е важно, ќе бидеме будни, само да победиме вечерва“.