(ВИДЕО) Раде Шербеџија жртва на измама преку Фејсбук

Актерот Раде Шербеџија е жртва на измама преку Фејсбук.
Тој објави видео на неговата официјална страница со цел да ја информира јавноста за неговата и измама но и да ги предупреди останатите да внимаваат.

„Драги мои, се чини дека некој направил лажен профил, многу сличен на мојот, со моето име и мои фотографии и ги информира луѓето дека се добитници на наградна игра или бара пари. Со такви работи јас не се занимавам. Но, деновиве неколку пријатели ми рекоа дека наводно добиле такви пораки од мене. Претпоставувам дека ова ќе заврши брзо затоа што го пријавив проблемот, но ве молам споделете го ова мое предупредување во меѓувреме за да некој можеби не им поверува на измамниците. Ви праќам видео поздрав од Измир“, истакна Шербеџија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e