(ВИДЕО) После неколку месеци Вил Смит му се извини на Крис Рок

Вил Смит изјави дека „длабоко се кае“ што го удри Крис Рок на сцената во текот на овогодишното доделување на Оскарите.

Како што пренесува „CNN“, Смит објавил видео на социјалните мрежи кое започнува со зборовите „Помина минута“…
„Во текот на претходните неколку месеци, поминав многу време во размислување и работа на себе. Ми поставивте голем број конкретни прашања за кои ми беше потребно некое време за да одговорам“, стои во видеото.

Смит објаснил зошто не му се извинил на Рок во текот на говорот по добивање на Оскар за најдобар актер, за улогата во филмот „King Richard“.

„Тогаш ми беше замаглена свеста. Му испратив порака на Крис и добив одговор дека сè уште не е подготвен да разговара и дека, кога ќе биде подготвен, ќе ми се јави. Така што ќе ти го кажам ова, Крис – извини. Моето однесување беше неприфатливо и тука сум кога ќе сакаш да разговараш“, порачал Вил.

Исто така тој му се извинил и на семејството на комичарот и Тони Рок, братот на Крис кој играше во ситкомот „All of Us“ во режија на Вил Смит и неговата сопруга, Џејда Пинкет Смит.

„Имавме одличен однос. Тони Рок беше „мојот човек“, но ова што се случи веројатно значи дека ситуацијата е непоправлива“, истакнал Смит.

За потсетување, Вил на доделувањето на Оскарите излезе на сцената и го удри комичарот Крис Рок, кој беше водител на церемонијата, откако тој се пошегува на сметка на избричената глава на неговата сопруга, Џејда Пинкет Смит.

Актерот во видеото ги демантира наводите дека Џејда го наговорила да го удри Рок и ѝ упати извинување, како и на нивните деца поради таквата постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e