Драгана Мирковиќ за првпат јавно проговори за разводот од бизнисменот Тони Бјелиќ, со кого помина 25 години во брак. Таа истакна дека одлуката да стави крај на односот не била лесна, но била неопходна за нејзиниот мир и понатамошен живот.
Пејачката откри дека по разводот останала да живее во семејниот дом во близина на Виена заедно со своите деца, снаата Мелани и внуката Ксенија. Нејзиниот поранешен сопруг, како што наведе, продолжил да живее во Опатија, а секој од нив го продолжил својот пат одделно.
Во гостување во подкаст, таа призна дека низ овој период открила колку е всушност силна. Како што рече, долго трпела и простувала, но кога еднаш ќе ги помине сопствените граници, веќе нема враќање назад.
Мирковиќ нагласи дека многу од информациите што се појавиле во јавноста не биле точни и дека вистинските причини за разводот се многу подлабоки и потешки. Посебна сила, како што истакна, ѝ дале нејзините деца Марко и Мануела, кои во целиот процес биле нејзина најголема поддршка.
