Кога игра хрватската репрезентација на големите натпреварувања, едно е речиси сигурно – сите погледи повторно се свртени кон Ивана Кнол.
Најпознатата хрватска навивачка повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство 2026, појавувајќи се на трибините на стадионот „AT&T“ во Арлингтон, предградието на Далас, каде Хрватска го отвори турнирот против Англија.
Ивана уште еднаш привлече огромно внимание со својот впечатлив моден избор. За оваа пригода избра корсет инспириран од хрватските национални бои, украсен со препознатливите црвено-бели коцки, додека сините детали дополнително ја нагласуваа комбинацијата во стил на хрватското знаме.
Стајлингот го надополни со куси тексас шорцеви со мотиви на коцки, останувајќи верна на препознатливиот стил по кој стана глобално позната.
