(ФОТО) Селфи по поразот – Роналдо и Георгина се совршен пар

Џорџина Родригез не престанува да се рекламира на социјалните мрежи откако репрезентацијата на Португалија го заврши учеството на Светското првенство, а Роналдо остана во солзи.

Вереничката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, цело време за време на Светското првенство го бодреше својот сакан, а самата беше мета на негативни коментари, но ова не е неочекувано кога е во прашање таа.

Таа дури и се огласи по поразот на Светското првенство, го поддржа својот иден сопруг, но дури ни тоа не беше претерано одобрено од строгите критичари на социјалните мрежи.

Кога страстите се смириле и поминаа неколку дена, Џорџина повторно сакала да ги „разбесни“ сите оние кои не ја сакаат и објави заедничко селфи со Роналдо.

Како што можете да видите, двајцата се надвор во природа, уживајќи на сонцето, Роналдо е без маица, додека Џорџина ги истакнала градите, како и обично.

И двајцата носат капи и ако може да се верува на насмевката на неговото лице, се чини дека познатиот фудбалер веќе заборавил на болното испаѓање од Светското првенство.


Како и сè што прави Џорџина, ова беше доволно за да започне вистинска мала лавина од коментари. Некои напишаа дека тие двајца се совршен пар, додека други ѝ рекоа дека таа е веројатно најсреќната жена на светот поради фактот што е во врска со Кристијано Роналдо, чие богатство се проценува на околу 1,5 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e