(ВИДЕО) Погледнете како Марија Шерифовиќ меси лепче за слава

Марија Шерифовиќ не е име за кое се врзува доза женственост, а малкумина се тие што може да ја замислат во традиционална улога на жена – домаќинка.

Меѓутоа, сепак таа одлучила да се проба и на ова поле, па ги засукала ракавите и одлучила да се пофали со првиот колач за слава која го направила сама.

Пејачката не криела дека за овој „зафат“ сепак и била потребна помош од мајка и Верица. Според зборовите на Марија, таа ја „малтретирала“, но сепак на крајот била задоволна од умешноста на нејзината ќерка.

– Ова е малтретирање и мобинг, луѓе мои. За ова треба многу трпение, време, многу е се осетливо. Сигурна сум дека ниту таа не го прави ова вака, туку сака да ме малтретира – се пожалила Марија на фановите додека го месела тестото.

Се жалела дека ќе добие воспаление на мускули, но и дека дошла до „работ на нервен слом“, кога од тестото правела буква и украси за славскиот колач.

Иако на изглед делувало лесно, Марија се изморила, но мајка и ја смирувала додека асистирала и помогала од страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e