(ВИДЕО) Објавен трејлерот за контроверзниот филм за Меган и Хари – Бегство од палатата

Новиот трејлер за контроверзниот филм за војводата и војвотката од Сасекс – „Хари и Меган: Бегство од палатата“, на својот профил на Инстаграм го објави актерката Сидни Мортон, која ја игра Меган Маркл.

На видеото се гледа како Хари, кого го игра Џордан Дин, ја теши Меган и коментира за начинот на кој медиумите се однесуваат кон неа: „Гледам дека буквално те прогонуваат и беспомошен сум, не можам да го спречам тоа“.

„Јас сум силна личност и ја правам вистинската работа. Не можам да те изгубам“, одговара Меган, односно Сиднеј.

На видеото се гледа и парот го „оживува“ интервјуто со Опра Винфри, во кое Меган тврди дека членовите на кралското семејство „разговарале со Хари за тоа како нивниот син Арчи може да има темна кожа кога ќе се роди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e