(ВИДЕО) Објавен трејлерот за документарецот за Џеј Ло

– Беше тешко. Имав ниска самодоверба – изјави Џеј Ло во документарниот филм „Halftime“

Документарниот филм „Halftime“ за Џенифер Лопез ќе пристигне на Нетфликс на 14-ти јуни, а претходно ќе има премиера на настанот „Opening Night at Tribeca“ на 8-ми јуни.

Џеј Ло на својот Јутјуб канал објави трејлер за ова достигнување каде што можеме да видиме како ќе изгледа документарецот.

– Толку сум возбудена што ќе го споделам трејлерот за мојот претстоен документарен филм „Полувреме“ – напиша Џенифер Лопез.

Документарниот филм „Halftime“ е базиран на кариерата и приватниот живот на Џеј Ло. На еден од кадрите се гледа како плаче кога дознала дека нема да биде номинирана за Оскар за улогата во филмот „Hustlers“.

– Беше тешко. Имав ниска самодоверба. Морав да разберам која сум и да верувам во тоа, и да не верувам во ништо друго – изјавила Џеј Ло.

Погледнете го трејлерот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e